Јубилеј на концернот Volkswagen: 200 милиони произведени возила

Volkswagen го потврди водечкото место меѓу европските производители на автомобили со денешниот јубилеј. Во чест на ова достигнување вечерва во Париз беше претставен XL Sport.

Со 200 милиони произведени возила, концернот Volkswagen е еден од малкуте производители на глобално ниво што ја имаат достигнато оваа висока бројка. На вечерта на концернот беше претставена студијата на спортски автомобил Volkswagen XL Sport како светска премиера и 200-милионито произведено возило. По повод јубилејот, основачката на „Cinema for Peace“ и актерка Катрин Денев прими чек за својата фондација во висина од 200.000 евра од шефот на концернот, Мартин Винтеркорн.

Volkswagen за мошне кусо време успеа да го удвои производството. Во 1999 година концернот го означи стомилионитото произведено возило со јубилејниот New Beetle. Дијапазонот на производи со знак на марките на концернот Volkswagen опфаќа од велосипеди до суперспортски возила, од градскиот автомобил Up до 40-тонски влекач. Се произведува во 106 фабрики во 27 земји.
Студијата XL Sport го има како погон најсилниот двоцилиндарец во светот. Моторот V2 потекнува од Ducati 1199 Superleggera и со своите 200 КС, на автомобилот изработен од карбон и магнезиум му обезбедува крајна брзина од 270 km/h.

volkswagen xl sport 3567134061

volkswagen xl sport 3567134062

Претходна објаваSeat го претстави новиот Leon X-Perience на салонот во Париз
Следна објаваPSA бара купувач за своите мотори откако BMW и Ford откажаа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here