
Идејата за комфорен превоз на седуммина патници во возило долго само 4,25 метри беше незамислива во 1984 година, кога се појави првиот Espace. Револуција претставуваше и примената на каросерија од фиберглас и полиестер, којашто дозволуваше ванот да достигнува динамика на обичнa лимузина. Брзините од 175 km/h тогаш беа достижни за мал број возила во класата. Оттогаш ванот на Renault постојано воведува иновации и го усовршува првичниот концепт, до претставувањето на петтата генерација на Espace на претстојниот салон во Париз. Новиот модел повеќе ја нагласува теренската нота, во согласност со растечкиот интерес на пазарот за кросовери и лесни спортски теренци, без притоа да ја напушти функционалноста и приспособливоста, како основно начело на Espace. Како се одвиваше усовршувањето на Espace во 3-те децении и 4-те моделски генерации погледнете во нашата галерија:
Избор од содржините на Аутомедиа МК
- Киа Ексид 1.6 Референс · Тест · Малку луксуз не е вишок
- Рено ќе вложи 10 милијарди евра за да произведува евтини електрични автомобили во Франција
- „Рејнџ Роверот од Тему“ пак е најпродаван автомобил во Британија
- Шкода Октавија стартува со обичен хибриден погон
- Фолксваген го засилува производството во Северна Америка
- Тојота ќе гради фабрика за електрични автомобили во Аргентина за да им парира на Кинезите















