за

Volkswagen продолжува со испорака на Golf 8

Volkswagen продолжува со испорака на Golf 8
Volkswagen продолжува со испорака на Golf 8

Продолжува испораката на Volkswagen Golf 8, којашто беше запрена привремено поради софтверот на системот за автоматска дојава до службите за итна помош во случај на незгода.

Обновена верзија на софтверот го реши проблемот со системот eCall, кој треба автоматски да испрати аларм до службите за итна помош, во случај на незгода со Volkswagen Golf 8. Покрај тоа што се обезбедува брза реакција на службите, се овозможува и точно лоцирање на истото, што дополнително го забрзува пристигањето на помошта. Станува збор за безбедносен систем што ЕУ го пропишува како стандард во сите нови возила.

Управата на Volkswagen реши да ја запре испораката на Golf 8, затоа што при проверката на квалитетот бил утврден пропуст во функционирањето на eCall кај неколку примероци од моделот. Производството на новиот Golf продолжи непречено, возилата во меѓувреме се паркираа на плацевите во кругот на фабриката, со цел во нив да се вчита нов софтвер или евентуално да се смени некој модул.

Во меѓувреме е подготвена нова софтверска верзија за системот eCall, таа веќе се вчитува во новите возила што се симнуваат од производствената лента во Волфсбург. Испораките продолжуваат непречено. Паузата траеше десетина денови, откако Volkswagen во средината на мај привремено ја запре испораката, но не и производството.

Во веќе испорачаните примероци од Golf 8 ќе се вчита нов софтвер, во рамките на доброволна и бесплатна сервисна акција. Во Германија, тоа се однесува на околу 15.000 примероци до мдоелот. Испораките запреа и кај новата Skoda Octavia, којашто ја користи истата платформа, вклучувајќи го и модулот за eCall.

Автоматскиот повик при итен случај ја забавува испораката на Golf

volkswagen golf 8 производство најпродавани Германија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ecaravan електричен авион

Прв лет на најголемиот електричен авион во светот

Електричен камион доставува боци со плин во Лондон

Електричен камион доставува боци со плин во Лондон