Калифориската марка електрични автомобили го запре производството на Tesla Model 3 во времетраење меѓу четири и пет денови. Работниците можат да искористат денови од годишниот одмор или присилно да паузираат на неплатено. Tesla веќе заостанува далеку зад планот.
Производството се запира заради оптимирање на автоматизацијата и за „систематско надминување на тесните грла во производството“, како што наведуваат од компанијата. Прекините се вообичаени во Фремонт. Автомобилската компанија на милијардерот Илон Маск го запре производството кон крајот на февруари, но со тоа уште повеќе го забави производството.
Првичниот план беше кон крајот на минатата година да се достигне продукција од 5.000 возила неделно, но тоа сега се одложи за јуни. Продукцијата заостанува далеку зад очекувањата. Кон крајот на март, Tesla Model 3 достигна продукција од околу 2.000 возила неделно.
Секојдневно се откажуваат по стотици нарачки за Tesla Model 3 поради доцнењето во производството
Според Маск, проблемите во производството се предизвикани со високиот степен на автоматизација. Во интервју за тв-каналот CBS, тој изјави дека „луѓето се потценети“. Негова грешка била тоа што премногу се надевал во технологијата. Во фабриката постои сложен систем од производствени ленти, но тој не функционира.
Tesla Model 3 е важен за пазарот на електрични автомобили. Со цената од 35.000 долари за основниот модел, електричниот модел од средната класа е двојно поевтин од претходните модели на марката и со тоа е достапен за многу поширок круг купувачи. Пристигнати се повеќе од 400.000 нарачки, производството стартуваше во минатото лето.
Tesla во спор со органите за безбедност во сообраќајот во САД
Возач на Tesla докажува: Автопилотот е виновен за кобната незгода
Tesla без фејсбук по скандалот со кражбата на корисничките податоци
Рекордно тримесечје за Tesla: Загуба од половина милијарда долари