Џереми Кларксон се враќа како гостински водител во Top Gear?

Каналот BBC им понуди милионски суми на Џејмс Меј и Ричард Хамонд да го продолжат најгледаното автомобилско шоу во историјата. Џереми Кларксон може да се врати како гостин.

По многубројните превирања околу водителското име што ќе го замени Џереми Кларксон по неговото отпуштање, BBC излезе со неодолива понуда за кандидатите со најголеми шанси. Џејмс Меј и Ричард Хамонд треба да добијат милионски суми за продолжување на најгледаното автомобилско шоу во светот. На придружните водители на Џереми Кларксон им се понудени по еден милион фунти за секоја следна епизода на Top Gear. Тоа е двапати повеќе од заработката на двајцата водители пред суспендирањето на Кларксон. Во секоја епизода, Меј и Хамонд ќе имаат гостински водител, на пример, Џереми Кларксон.

Обид за спасување на најпопуларната специјализирана емисија во светот

Оваа широкограда понуда може да се разбере само како очајнички потег на BBC. Моќниот британски канал стравува дека со Top Gear ќе го изгуби своето најуспешно шоу. Каналот би можел да ги избере најсовршените кандидати за новата генерација водители, и тие би можеле да направат одлично шоу, но едно е јасно: Без Кларксон, Хамонд и Меј, од најпопуларна специјализирана емисија во светот, Top Gear во најдобар случај може да се претвори во неделна вечерна програма со просечна гледаност.

Програмската шефица Ким Шилингло уште во април најави дека Џереми Кларксон ќе се појави повторно во емисија на BBC. Додека се постигне официјалниот договор, не исклучувајќи ја моќноста Хамонд и Меј да ја одбијат понудата и BBC да ги врати во игра Гај Маргин, Филип Гленистер и Џоди Кид како резервен план, тројката водителски ѕвезди продолжува со светската тура „Кларксон, Хамонд и Меј во живо“.

Претходна објаваHonda Civic Type R: Четири евра поевтин од Leon, 20 евра од Golf GTI
Следна објаваНевниманието зад воланот е опасно исто колку алкохолот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here