Јубилеј на Dacia: 3.500.000 продадени возила од евтината марка на Renault

Откако се врати во живот како евтина марка на Renault во 2004 година, Dacia продаде 3,5 милиони возила во Европа и Медитеранот. Продажбата штотуку почнува да зема залет.

Од 2004 година, Dacia продаде 3,5 милиони возила во Европа и Медитеранот. Евтината марка на која што сите големи производители му завидуваат на Renault од повторното лансирање пред единаесет години постојано бележи раст во продажбата. Само во првото полугодие од 2015, Романците во 44-те земји продадоа 290.000 возила, што претставува зголемување од 10,1 проценти во споредба со истиот период лани. На дури 19 пазари, марката Dacia постави нови продажни рекорди во првите шест месеци од годинава.

За евтината марка на Renault во првото полугодие се решија 205.000 купувачи само на територијата на Европа. На најважниот пазар за марката во Европа и домашна територија на Renault, на францускиот пазар, Dacia е на петтото место на најпродавани марки. Ако се сметаат само возилата што се во приватна сопственост, тогаш Dacia е четврта најпродавана марка во Франција.

Претходна објаваKia или Hyundai: Која корејска марка Европа ја сака повеќе?
Следна објава7 Amazing Things You Can Make With A 3D Printer

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here