Штрајк во сите фабрики за автомобили во Јужна Африка

Од денес мирува производството во сите фабрики за автомобили во Јужна Африка. Работниците бараат поголема плата и нема се откажуваат додека не им се исполнат барањата.

Во фабриките на седумте големи производители на возила што имаат погони во Јужноафричката Република од денес мируваат лентите – во Volkswagen, BMW, Daimler, Ford, General Motors, Toyota и Nissan. Секој ден во штрајк ќе го чини стопанството загуба од 45 милиони евра и 3.000 непроизведени возила, од кои најголемиот дел е наменет за извоз.

Синдикатите бараат зголемување на платата од 14 проценти, а работодавците на тоа барање можат да одговорат со само осум проценти. Според податоците на локалната индустрија, во штрајкот учествуваат 17.500 работници, односно 30.000 лица според синдикатите.

Претходна објаваJaguar XJR и XFR-S ја почнуваат играта на мачка и глушец
Следна објаваТом Кристенсен истрча маратон за хуманитарни цели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here