Шефот на нафтениот концерн Total загина во Москва

Кристоф де Маржери (63), шеф на францускиот нафтен концерн Total, загина во авионска незгода на аеродромот во Москва. Полицијата потврди дека вчера приквечер, службениот авион на компанијата во којшто патувал шефот Де Маржери се судрил со чистач за снег во услови на магла на московскиот аеродом Внуково. Возачот на аеродромското сервисно возило наводно бил во алкохолизирана состојба. Сите четворица патници во авионот загинале. Незгодата се случува во време кога Москва се наоѓа под политички притисок заради кризата во Украина.

Претходна објаваMazda собори 20 светски рекорди за 24 часа
Следна објаваСАД повикуваат пет милиони автомобили во сервисните работилници

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here