Драматична снимка од автопат во Кина. Камион со теренец набиен до половина под приколката продолжува да вози не обѕирајќи се на свирењето од возилата што го одминуваат.
Снимката потекнува од онборд камерата на возач на друг камион кој на секаков начин се обидува да му укаже на својот колега на „необичниот“ товар што се влече одзади. Дали возачот и евентуалните патници се живи во возилото што налетало, од видеото не може да се заклучи, но во секој случај се работи за сериозно оштетување на патничката кабина на теренецот.
http://youtu.be/bZQONdnAAKg
















