Тркачката легенда Нобухиро Таџима ќе вози чудовиште со електричен погон со моќност од 1,1 мегават на Пајкс Пик. Креатор на овој монструм за „монструмот“ е добро познатиот хрватски електро специјалист Rimac.
Трио од соништата се подготвува за спектакуларна трка со времето, за настап на ридската трка Пајкс Пик кон крајот на јуни. Тимот Apev и Monster Sport, се здружија со Rimac Automobili, за на 28-ми јуни да се појават на стартната линија на најпознатата, најтешка и најопасна ридска трка во историјата, Пајкс Пик на Карпестите Планини во САД. Хрватскиот производител на електрични автомобили Rimac за овој настан подготви монструм за „монструмот“, како што е заслужениот прекар на тркачката легенда Нобухиро Каџима. Тркачкиот болид со име Tajima Rimac E-Runner Concept_One располага со моќност од 1,1 мегават!
Таџима ќе вози со двапати поголема моќност отколку на ланскиот Пајкс Пик
Во секое од тркалата е сместен по еден независен електромотор, и сите заедно му даваат на болидот моќност од 1,1 мегават или 1.475 КС. Тоа е двапати повеќе од моќноста на автомобилот со којшто Таџима го собори сопствениот рекорд на Пајкс Пик во 2014 година, со време од 9:43,90 минути. E-Runner не поседува менувач ниту какви било диференцијали. Моќта од секој мотор се пренесува на секое тркало преку иновативен систем од синџири, којшто штеди тежина и простор. За координирањето на електромоторите се грижи системот што Rimac го прикажува премиерно на Concept_One. Електрониката го надгледува вртежниот момент во секое тркало 100 пати во секунда. На тој начин, системот ја распределува моќноста на секое тркало според аголот на воланот, брзината, страничното и попречното забрзување, инерциските моменти и мноштво други варијабилни вредности. Со ваков технички арсенал и со моќта од 1,1 мегават, Таџима ќе има сигурно оружје за борба со 156-те свијоци на Пајкс Пик.
„Измеривме забрзување 0-100 km/h за 2,2 seconds. 200 km/h се постигнуваат по 5,4 секунди од место,“ открива господин Римац. „Вредностите на страничното забрзување и сопирањето исто така се импресивни, но да не го расипуваме изненадувањето.“ Патеката Пајкс Пик е долга 19,9 километри и завршува на надморска висина од 4.301 метри. Електричниот погон има предност на оваа „планинска“ трка, затоа што класичните мотори со внатрешно согорување губат здив на поголемите висини, поради пореткиот воздух и драстичното намалувањето на моќноста на моторот. На самиот врв на преку 4.000 метри, моќноста на моторот е послаба за цели 40 проценти. Електромобилот на Rimac не се соочува со тој проблем. Единствено тежината на батериите може да биде проблем – но, не и покрај моќ од 1,1 мегават!
Tajima Rimac E-Runner Concept_One
Технички податоци
- Погон на сите тркала
- Четири независни електромотори Rimac
- Динамична распределба на моќта Rimac
- Максимална моќност 1100 kW
- Максимален вртежен момент 1500 Nm
- Максимално регенеративно сопирање 400 kW
- Батериски модул од 57 kWh Rimac
- Рамка од алуминиумски цевки Monster Sport со каросерија од карбон
- Електрично сервоуправување
- Приспособливи амортизери
- Вентилирани диск сопирачки Ø370 mm напред и назад + регенеративно сопирање Rimac
- Слик гуми 340/710 R18 и бандажи 13” × 18”
- Празно возило 1500 kg
- 0-100 km/h 2,2 s
- Крајна брзина 270 km/h
















