На Ferrari LaFerrari Aperta навистина не му е потребна реклама. Исто толку не му е потребно да се појавува по големите авто салони, затоа што отворената изведба на пуленот од Маранело беше распродадена уште пред јавноста да ја види за првпат на салонот во Париз. Со цена од околу два милиони евра, сеедно е дали Aperta ќе се појави пред публиката, затоа што повеќето луѓе и без тоа не можат да си го дозволат овој автомобил.
Затоа, ова рекламно видео со Ferrari Aperta и Себастијан Фетел е сосема безначајно, но и покрај тоа, нема ентузијаст што не сака да го погледне. Италијанците дури и не претеруваат со тоа што на ѕвездата на формула 1 насекаде околу ѝ се отсликуваат историски модели на Ferrari додека ја вози Aperta низ град, на пат или на тркачка патека. Ferrari се подготвува за 70-годишнината и со ова видео повторно се покажува: Ако Mercedes е мајката на автомобилите, Ferrari е таткото на спортските автомобили.
















