Фабриката на концернот Volkswagen во Братислава е единствен случај во светот, на едно место да се произведуваат возила од шест марки. Во меѓувреме, словачката фабрика одбележува 25-годишнина.
Словачката фабрика на Volkswagen одбележува четвртина век постоење. На прославата присуствуваше словачкиот премиер Роберт Фико, заедно со членови на неговиот кабинет. Производството на возила од шест марки на едно место е единствен случај во фабриката во Братислава. Словачката фабрика располага со еден од најголемите капацитети за монтажа на возила во производствената мрежа на Volkswagen. Моментно е во тек изградбата на нова хала за изработка на каросерии, како и хал за завршна монтажа на возилата.
Откако стартуваше производството во 1991 година, во словачката фабрика на Volkswagen се произведени 4,5 милиони примероци од 13 различни модели. Денес таму се произведуваат големите теренци Volkswagen Touareg, Porsche Cayenne и Audi Q7, исто како и градските автомобили Volkswagen Up, Seat Mii и Skoda Citigo. Дополнително се изработуваат и каросериите за суперлуксузниот Bentley Bentayga.
















