Уште една награда за дизајн за Skoda Rapid Spaceback

Експертското жири на „Натпреварот на автомобилските марки 2014“ го прогласи дизајнот на Skoda Rapid Spaceback за најдобар во категоријата на големосериски автомобили.

Еден од автомобилите што ќе бидат одликувани на претстојниот салон во Париз ќе биде и чешката Skoda Rapid Spaceback, како победник во категоријата на надворешен дизајн на големосериски автомобили. Дизајнот на комбилимузинскиот брат на Skoda Rapid веќе втор пат е одликуван на овој единствен меѓународен натпревар во дизајн за автомобилски марки. „Skoda веќе неколку години успева да ја позиционира марката со препознатлив дизајнерски говор“, изјави Андреј Купец, првиот човек на овој натпревар.

Жирито го оценува дизајнот на возилата и на комуникацијата со јавноста во десет категории, вклучувајќи и настани и мултимедиско присуство. Во неговиот состав влегуваат реномирани претставници од медиумите, дизајнот, комуникацијата на марките и универзитетите. Ова е веќе втора награда за Rapid Spaceback во период од неколку месеци. Компактниот модел на Skoda во март освои „Ред Дот награда за дизајн“.

Претходна објаваRenault ќе ја претстави луксузната верзија на Clio во Париз
Следна објаваДве премиери на Skoda Fabia во Париз: Старт и за комби изведбата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here