Уште еден Lamborghini Huracan за италијанската полиција

Huracan Polizia пристигна во возниот парк на полициската единица за брза интервенција во Болоња. Гонењето престапници по автострадата не е првенствена цел на примената на суперспортскиот автомобил. Лани со помош на друг Lamborghini во служба на полицијата беше извршена серија пресадувања органи.

Lamborghini веќе со години е во „редовна“ примена во возниот парк на италијанската сообраќајна полиција. Специјалната верзија Huracan Polizia пред неколку денови пристигна во служба на собраќајната патрола во Болоња и ќе се користи за вообичаените полициски активности, како и за итен транспорт на крв и органи. На патролата во Рим пред две години исто така ѝ беше испорачан специјално подготвен Huracan. Првиот автомобил со разјарениот бик во логото стапи во служба на италијанската полиција во 2009 година. Овој Gallardo сега е преместен од музејот на Lamborghini во автомобилскиот музеј на сообраќајната патрола во Рим.

Погонот е стандарден, што значи V10 со 610 КС и погон на сите тркала. Работното место е дополнето со таблет и лаптоп, опрема за снимање и видеокамера, покрај стандардните ставки како држач за пиштол, противпожарен апарат, полициско радио и држач за стоп-палка.

Главна задача на Huracan Polizia не е бркотница со престапници по автопатиштата, туку медицинска помош. Под предната хауба е поставен специјален ладилник за итен транспорт на органи за трансплантација, исто како и дефибрилатор. Лани полициските Lamborghini имале бројни интервенции, вклучувајќи и изведување на специјална процедура за итен транспорт на бубрези за трансплантација, при што суперспортскиот Lambo јуреше меѓу пет болници во Ломбардија и Тоскана, за шест пациенти да добијат здрави органи. Потоа следеше уште една ваква акција, за уште тројца нови пациенти.

Во 2016 година, патролата добила 176 барања за интервенција низ цела Италија, биле извршени 111 транспорти на органи и 74 транспорти на плазма и крв, 117 пати се превезувале серуми, вакцини и лекарства. Амбулантните комбиња во земјата веројатно функционираат исто така, односно барем да не се расипуваат.

Претходна објаваДесет причини, зошто велосипедот е подобар од автомобилот
Следна објаваVolvo бара сите производители да си разменуваат податоци за безбедноста

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here