Американецот Тајлер Шилдс се повикува на уметноста кога ги уништува работите околу себе. Неговиот последен уметнички подвиг е кревање Rolls-Royce во воздух среде пустина.
Калифорнискиот фотограф, а наскоро и филмски режисер Тајлер Шилдс, го жртвуваше својот Rolls-Royce Silver Shadow за снимање четириминутен видеоспот, во којшто благородниот британски автомобил буквално одлетува во воздух.
Ова не е првпат Шилдс да го привлече вниманието со неговиот нагон за уништување. Во 2012 година, тој и неговата тогашна пријателка искинаа Birkin Bag. За љубителите на автомобилизмот што не се толку упатени во модата, станува збор за дамска чанта што вреди околу 20.000 евра.
















