Долго време барате решение како да ја поправите каросеријата на вашето комбе што сето е изрешетано од куршуми? Ние го имаме решението за вас. Поточно, оваа генијална идеја доаѓа од еден Украинец.
Рекламните пораки би звучеле приближно вака: Имате дупки од куршуми на вашето комбе? Вашиот омилен автомобил е целосно изрешетан? Не мора повеќе да барате наоколу, затоа што ние го имаме ултимативното решение за вас! Сопственик на комбе од Украина ги објави овие фотографии од неговата генијална поправка. Идејата се состои во тоа, дупките од куршуми да се покријат со метални парички, коишто едноставно се заваруваат на каросеријата, за на крај да следува примерно лакирање на возилото. Не е проблем тоа што естетиката не е совршена, но барем нема да има толку провев во задниот простор од комбето.

















