Тест Honda Civic 1.4 и 1.8 i-VTEC · Некрунисаниот крал на компактите

ПРЕГЛЕД НА ДЕСЕТТЕ ГОЛЕМЦИ ВО КОМПАКТ КЛАСАТА

Ова се десетте најголеми моделски имиња во конкуренција на комбилимузини од компакт класата на македонскиот пазар според продажните резултати. Некои од моделите може да не се најпродавани со моторот и нивото на опрема што се наведени во споредбата, но во секој случај се работи за модели од класата кои што се најпосакувани за македонскиот купувач.

Chevrolet Cruze 1.6

Светската марка со швајцарско педигре и американска традиција како да оди на картата да се понуди колку може повеќе. Круз е најголем, најтежок, најмоќен, а со потрошувачката според норма е околу половина литар над конкуренцискиот просек. Моторот е оптимиран за штедење и тоа се забележува во релативно послабото повлекување од ниски вртежи, но за тоа придонесува и тежината. Од друга страна, Шевроле внесува ниво на зрелост на возило од повисоката класа, со просторноста и со комфорот. Основата е Астра.

chevrolet (Small)

Citroen C4 VTi 95

Како и повеќето актуелни модели, Ситроен користи мотор со варијабилно брегасто вратило, за поголема испорака на вртежен момент при ниски вртежи и за ослободување поголема моќност при висок режим на возење. При умерено темпо, моторот ВТи 95, развиен во соработка со БМВ, не бара често посегнување по менувачот и дозволува релаксирано возење. Комфорот на подвозјето е главна карактеристика на моделот, при што е жртвуван мал дел од динамиката, но тоа секако не оди на сметка на безбедноста.

citroen (Small)

Honda Civic 1.4 i-VTEC

Со варијабилно брегасто вратило и со тесно степенуван менувач со 6 степени, погонот на Сивик покажува универзален карактер, односно релаксирано возење во град, со добра резерва за повлекување, но и динамика на отворен пат. Поголемата тежина од просекот се темели на богатата опременост во нивото Спорт. Не постои модел што има поголем багажник во стандардна и максимална вредност, ниту пак поголема приспособливост на кабината. Единствено моторот 1.2 ТСИ на Фолксваген е поштедлив и почист.

IMG_3270 (Small)

Ford Focus 1.6 Ti-VCT

Тој го заокружува триото на главните предентенти за кралскиот престол, заедно со Голф и Астра. По традиција, Фокус се ориентира на возна динамика и на спортски возни својства и за таа цел поднамали од тежината во актуелната генерација. Моторот од 1,6 литар е познат од претходникот и применува варијабилна работа за обете брегасти вратила, што се огледува во исклучителната вредост од 150 њутнметри – без турбо. Во багажникот и во приспособливоста на кабината заостанува зад конкуренците, во интерес на ванот Ц-Макс.

ford (Small)

Hyundai i30 1.4

Хјундаи е марка која што доживува најголема трансформација во стилот и најголем раст во продажбата и во имиџот, што повеќе се должи на квалитетот на механиката и на изработката, отколку на дизајнот. Моторот од 1,4 литар работи со варијабилни брегасти вратила, како прв степен на даунсајзингот, и постигнува примерни перформанси и потрошувачка на гориво. Возните својства се подобрени значително во споредба со претходникот, исто како и хармоничноста на амортизацијата. Исто така, претендент за врвот.

hyundai (Small)

Kia Ceed 1.4 CVVT

Според концепцијата на погонот, Сид е мошне сличен со Сивик, но примената на две брегасти вратила, место едно, како кај Хонда, произведува поголемо внатрешно триење и тоа се покажува и во потрошувачката, иако, во минимална мера. Тоа во дел произлегува и од покусиот краен преносен однос во трансмисијата. Малиот круг на вртење го прави особено управлив во град. Друга предност е големата носивост. Не само на хартија, втората генерација на Сид е еден од најзрелите и најсериозни модели во класата.

Kia Ceed, Hamburg

Opel Astra 1.4

Како еден од моделите кои по традиција го даваат главниот поттик за следниот круг на развој на моделските генерации во класата, Астра поставува репери во повеќе подрачја. Во поглед на просторната понуда во кабината и во комфорот на подвозјето, Астра ги покажува можностите на класата. Поголемата тежина зема данок во управливоста. Добрата аеродинамика и хармоничната работа на погонската спрега произведуваат примерна штедливост. За поштедливата верзија со систем старт стоп се доплаќа 300 евра.

opel (Small)

Renault Megane 1.6 16V

Моторот на Рено ја следи класичната концепција на висока работна зафатнина и соодветно висок вртежен момент и со тоа заостанува зад актуелнииот тренд на даунсајзинг, што се гледа и во потрошувачката. Заедно со Шевроле Круз, кој има и помоќен мотор, Меган е модел со највисока потрошувачка во конкуренција. Затоа, пак, со перформансите го постигнува врвот на понудата. Новиот мотор ТЦе со 115 КС троши дури литар помалку. Стандардната вредност на багажникот е меѓу најголемите во конкуренција.

renault (Small)

Seat Leon 1.2 TSI

Мотор според сите начела на даунсајзингот, со директно впрскување на гориво и турбо, во комбинација со тежина што е до 90 килограми пониска отколку кај претходникот, му дозволува на Леон да конкурира со мотори со 15 КС повеќе, при врвна ефикасност. Благодарение на турбонатполнењето, вртежниот момент достигнува 160 њутнметри. Само новиот Голф со истата погонска техника троши помалку. Намалената тежина влијае позитивно и врз управливоста, како и врз комфорот во возење.

seat (Small)

Volkswagen Golf 1.2 TSI

Тој важи за крал на компактите и во седмата генерација ја одбранува титулата како никогаш досега. Сите мотори се оптимирани за штедливост и еколошка подносливост, системот старт стоп секогаш е во серија, а значителното олеснување на каросеријата, исто како и на техничкиот полубрат Леон, му овозможува да вози со само 85 КС во конкуренција на мотори со 100 КС, со иста динамика и недостижна штедливост. Подвозјето одушевува со леснотијата со која што ги поднесува ударите од подлогата, што е следна придобивка од диетата.

DB2012AU01153_small (Small)

1
2
Претходна објаваИднината на автомобилите: Интернетот поважен од возењето
Следна објаваНајдобри возила за такси според експертите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here