Теренецот нa Bentley доаѓа во 2016 година

Пред две години Британците најавија дека планираат да воведат теренец во понудата со студијата EXP 9 F, пазарот реагираше позитивно, возилото ќе почне да се продава од 2016 година.

Шефовите решија, Bentley ќе вклучи теренски модел во понудата, и тоа најдобриот што може да се замисли. Според раководството на фирмата што е во сопственост на Volkswagen, решението е донесено како резултат на позитивната реакција на купувачите. Теренскиот модел на Bentley ќе почне да се произведува во погоните во Кру во 2016 година, а специјално за неговото производство ќе се отворат 1.000 нови работни места.

72402bm_2

Исто како останатите модели од понудата, спортскиот теренец ќе биде типичен Bentley, односно ќе постави нови стандарди во поглед на луксузот и моќноста. Студијата Exp 9 F од салонот во Женева во 2012 година покажа што може да се очекува од новиот модел на Bentley. Во автомобилот работеше дванаесетцилиндарец во W со двојоно турбонатполнење и 610 КС. Покрај моторот W12, Bentley ќе го вградува и новиот четирилитарски V8 со двојно натполнење, а ќе се нуди и изведба со хибриден погон.

Најголеми пазари за теренскиот Bentley ќе бидат Блискиот Исток, Русија и регионот околу Голфскиот Залив, но и САД. Цената на моделот ќе изнесува околу 200.000 евра.

Претходна објаваНовата Honda Accord стартуваше со продажба во Јапонија
Следна објава9-степен автоматски менувач за класата Е на Mercedes

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here