Теренец на база на VW Polo доаѓа во 2016

Теренецот на база на Polo добива приоритет наспроти Taigun. Конкуренцијата дополнително се вжештува со Honda HR-V и Mazda CX-3

Шефовите во Volkswagen дадоа зелено светло за мини теренец на база на Polo. Новиот модел ќе им се спротивстави на Nissan Juke и Renault Captur.

Уште неиуменуваниот мини теренец на Volkswagen ќе се позиционира под Tiguan и ќе ја користи модуларната платформа MQB. Моделот на база на Polo ќе се нуди само во верзија со преден погон, користејќи ги истите мотори како сестринските модели од Seat и Skoda. Германците планираат во иднина да имаат најмалку по еден теренски модел во секој сегмент, вклучувајќи и неколку деривати. Главни пазари за теренскиот Polo, покрај европскиот, ќе бидат Кина и Јужна Америка.

Наскоро ќе стане многу густо во класата. Во лето пристига новата генерација на Honda HR-V
Наскоро ќе стане многу густо во класата. Во лето пристига новата генерација на Honda HR-V

Конкуренцијата во класата се зголемува постојано и годинава се очекува старт на продажбата на Honda HR-V и Mazda CX-3. Претходно Volkswagen планираше да го пушти мини-теренецот Taigun на база на Up како најмалечок модел, но проектот сега е ставен во мирување. Приорирет добива моделот на база на Polo, којшто ќе има премиера в година, заедно со новите генерации на Touareg и Tiguan. Покрај тоа, во САД ќе стартува серискиот модел со седум седишта од средната класа, произлезен од студијата CrossBlue, а потоа и неговата купе изведба Cross Coupe GTE.

Претходна објаваКупување користено возило: Листа на проверки на Automedia
Следна објаваПротив загадувањето на воздухот: Рим без автомобили во недела

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here