Студија во САД: Електрониката го паркира автомобилот побрзо од возачот

Американски клуб на возачи дојде до заклучок дека автоматските системи го паркираат автомобилот во помалку потези и побрзо од луѓето. Но, ниту електрониката не е семоќна.

Системи што самостојно го паркираат возилото без асистенција на возачот се вградуваат во сé поголем број автомобили, но подеднакво е голем и бројот на возачи што со скепса гледаат на оваа техника. Американскиот клуб на возачи ААА спроведе истражување за можностите на системите за автоматско паркирање, во кои имаат доверба само една четвртина од испитаниците. Клубот реши да провери во практика дали луѓето навистина паркираат подобро од денешните системи за паркирање.

Резултатите од истражувањето откриваат дека електрониката го паркира автомобилот во просек за 10 проценти побрзо од луѓето. Покрај тоа, при паралелно паркирање, автоматизираните системи користат за 47 проценти помалку потези, односно најчесто само еден потег, наспроти два или три, колку што им се потребни на повеќето возачи. Прецизноста во паркирањето е следна доблест на електронските системи, кои го приближуваат возилото за 37 проценти повеќе до тротоарот. Проблем претставува тоа што некои системи паркираат преблиску до тротоарот, поради што постои опасност од оштетување на бандажите и гумите.

Во тестирањето учествуваа четворица возачи и пет модели на автомобили. Секој возач петпати паркираше по еден од автомобилите самостојно и потоа со помош на системот за паркирање. Петте возила на тестот беа Lincoln MKC, Mercedes-Benz ML400 4Matic, Cadillac CTS-V Sport, BMW i3 и Jeep Cherokee.

Резултатите од студијата сепак се применливи само за американските сообраќајни услови. Доколку истата студија се спроведе меѓу возачите во Париз или Рим, електронските системи за паркирање со сигурност ќе доживеат убедлив пораз.

Претходна објаваBentley работи на хиперспортски автомобил од милион фунти
Следна објаваMercedes-Benz Arena ја стартува концертната сезона со U2

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here