Стартува тестирањето на прототипите од идната серија 7 на BMW

Премиерата на новата серија 7 се очекува во следниот септември на салонот во Франкфурт

BMW ги пушти во завршно тестирање прототипите од новата генерација на знаменосецот. Маскираната каросерија ја има крајната линија на новиот модел. Има и неколку нови детали околу моторите.

На последната серија шпионски фотографии, идната серија 7 за првпат ги покажува светлата на серискиот модел, со крајната форма и големина. Впечатлива е големината на бубрезите, со што се нагласува позицијата на серијата 7 како знаменосец на моделската понуда на BMW. Интересни е двојната стилизирана буква U во светлата. Големата лимузина на BMW во иднина ќе се нуди во обична и продолжена верзија, а благодарение на обемната примена на алуминиум и карбон, тежината на возилото ќе се намали значително во споредба со сегашниот модел.

bmw 7 20152

Моторите под хаубата ќе покриваат широк дијапазон, почнувајќи од четирицилиндарец од два литри, па сé до V12. Баварците ќе ја нудат „седумката“ и во хибридна верзија со можност за надворешно полнење на батериите. Почетниот модел во гамата на серијата ќе ја носи 730i, во когошто ќе работи дволитарец со турбонатполнење и 260 КС. Овој мотор момемтно се вградува во 328i, каде што постигнува 245 КС. Натаму во понудата следат 740i, со трилитарски шестцилиндарец во линија, со 330 КС, по нив е осумцилиндарскиот 740i, со 460 КС, додека врвот ќе му припаѓа на 760i, со моторот V12 од Rolls-Royce Ghost и Wraith. Овој мотор ќе постигнува околу 600 КС во големиот BMW.

bmw 7 20153

Понудата на дизел мотори ќе ја сочинуваат 730d со 270 КС, како и 740d и 750d. Во план е хибриден модел 730e со четирицилиндарски бензинец и 740e со шестцилиндарец, со моќност од 300, односно 400 КС. Хибридите ќе добијат нов автоматски менувач со девет степени на пренос. Досегот при возење на струја ќе се зголеми значително и ќе изнесува до 60 километри кај 730e, односно до 100 километри кај 740e.

Новата генерација на серијата 7 со кодна ознака G11 ќе доживее премиера в година на салонот во Франкфурт.

Претходна објаваFiat S76: Ѕверот од Торино (видео)
Следна објаваiPhone сам се штити од незгоден пад

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here