Преку 11.000 соларни панели со површина од 20.000 метри квадратни обезбедуваат енергија за погонот за каросерии во фабриката на Mini во Оксфорд.
Системот за производство на електрична енергија од сонцето, т.н. фотоволтаички систем, дава моќност од преку 3 мегавати, што е доволно за 850 домаќинства да се снабдуваат со енергија. Повеќе од 11.000 соларни колектори покриваат површина од околу 20.000 метри квадратни, односно колку пет фудбалски игралишта.
Во погонот за изработка на каросерии што започна со работа кон крајот на минатата година работат точно 1.000 роботи во производството на класичната комбилимузинска изведба на Mini. Фабриката работи според високи еколошки стандарди, со 3.869 диодни светилки што се програмираат посебно, како и специјален „одморачки модус“ за роботите, со ниска потрошувачка на енергија, па дури и собирен систем за вода, за испирање на тоалетите, или т.н. топлински вентилатори во покривот на објектот, за намалување на потребата од негово разладување и загревање.
















