Скулптура на Jaguar XE поставена во музејот на дизајн во Лондон

Алуминиумската скулптура е дизајнирана од тимот на Jaguar и го одбележува претстојното деби на моделот XE. Скултурата е во форма на каросеријата на XE и се состои од 95 зборови на седум јазици

Jaguar и Музејот на дизајн во Лондон денес ја открија скулптурата што е составена од зборови и ја следи формата на каросеријата на новиот модел XE. Ова дизајнерско парче изработено од алуминиум е поставено во „Резервоарот“ на Музејот за дизајн и го означува стартот на глобалното лансирање на новиот Jaguar XE, чија што премиера ќе се одржи в понеделник во британската престолнина.

Дизајнерите на Jaguar соработуваа со креативни експерти од подрачјето на компјутерскиот дизајн, графичари, сценски уметници и експерти за метал во создавањето на „облакот“ од зборови во форма на новиот XE, којшто се состои од 95 зборови напишани на француски, германски, шпански, италијански, англиски, руски и мандарински јазик.

Шефицата за односи со јавност на музејот изјави: „Џиновските инсталации како оваа впечатлива скултура секогаш наидувааат на огромна заинтересираност кај нашите посетители и формата на Jaguar XE веќе привлекува големо внимание. Убедени сме дека таа ќе биде хит кај публиката и дека ќе го надополни Лондонскиот фестивал на дизајнот како вистинска мамка за погледите.“

Претходна објаваVolkswagen Touareg подготвен за трет подвиг за светски рекорд
Следна објаваOpel стартува со продажба на Adam и Mokka во Јужна Африка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here