Сигурносни камери снимаат оригинален обид за кражба на Porsche

Сигурносни камери во Лондон забележале човек што сече дупка во покрив на скап кабриолет на Porsche, кој потоа влегува во кабината и се обидува да го украде автомобилот. Но, тој не запира тука.

Крадец е уловен од сигурносните камери додека со нож го сече покривот на редок примерок на Porsche и потоа седнува зад воланот во обид да го стартува моторот. Тоа не му успева и крадецот го напушта возилото низ дупката во платнениот покрив. Полицијата во Лондон добила пријава за кражба во 7:45 часот наутро на 29-ти септември. Само дваесетина минути подоцна, полицијата добива уште една пријава за обид за провала во Porsche Cayenne, паркиран исто така во Мејфер. Сведоци забележуваат како човекот што одговара на описот од претходниот обид за кражба на црвениот кабриолет, со нож ја обива бравата на Cayenne.

Истиот ден во 10:53 часот, следува нова пријава за кражба во продавница за спортска опрема на Оксфорд Стрит. Откако вработените се обиделе да го запрат крадецот, тој им се заканил со ножот со сечило од 15 сантиметри. Полицијата е во потрага по човекот од видеото, опишан како црнец на возраст од дваесетина години.

Претходна објаваBMW со студија на суперспортски мотоцикл со електричен погон
Следна објаваJaguar произведува нови резервни делови за стариот E-Type

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here