Серџо Маркијоне си заминува од Fiat-Chrysler по 2018 година

Шефот на новиот итало-американски концерн Fiat-Chrysler најави дека ќе си замине во 2018 година, по завршувањето на петгодишниот план за спојување и експанзија на двата концерна. Во интервјуто за информативната агенција „Блумберг“, Серџо Маркијоне изјави: „По крајот на 2018 година сигурно ќе работам нешто друго. Повеќе нема да се занимавам со реконструкција. Завршив со тоа. Нека сработат нешто и помладите.“

Маркијоне го презеде кормилото на Fiat во 2004 година и оттогаш ги зголеми прометот и оперативната добивка на италијанското претпријатие за трипати. Новото претпријатие Fiat-Chrysler со седиште во Лондон има за цел да ја зголеми нето добивката на пет милијарди евра до 2018 година, што е петпати повеќе во споредба со 2004 година.

Претходна објаваToyota Ви посакува добредојде во Хибридово
Следна објаваDacia Duster Pickup по специјална нарачка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here