Сега и Toyota се откажува од Tesla

Дали повлекувањето на акциите на Toyota и Daimler навестува криза во Tesla Motors?

По Daimler, сега и Toyota ги повлекува акциите во специјалистот за погон на струја Tesla. Соработката со производителот од Калифорнија продолжува, не се исклучени нови проекти.

Јапонскиот производител на автомобили Toyota го следи чекорот на Daimler и се откажува од уделот во акциите на калифорнискиот пионер во погонот на струја Tesla Motors. На крајот на март Toyota откупи 2,4 проценти од акциите во Tesla. Според јапонсиот гигант, соработката со Tesla продолжува и ќе се размислува околу натамошните заеднички проекти.

Верзијата на RAV4 со погон на струја што заеднички ја развија Toyota и Tesla веќе се приближува кон крајот на нејзината продажба, откако во период од две години се продадоа околу 2.500 примероци од возилото. Toyota повеќе се концентрира на погонот на водород, како следна фаза од развојот по масовната комерцијализација на хибридниот погон. Моделот со погон на водород Toyota FCV ќе почне со продажба во Калифорнија кон крајот на 2015 година.

Германскиот концерн Daimler во вторникот објави дека се откажува од акциите во Tesla. Продажбата на акциите ќе донесе во касата на Daimler повеќе од 600 милиони евра, коишто ќе бидат искористени во оперативната сфера на претпријатието. Соработката со Tesla во натамошните проекти на возила продолжува.

Претходна објаваТочно навреме: Skoda нуди погон 4х4 и во лимузинската Octavia
Следна објаваWebasto предвидува враќање на кабриолетите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here