Сан Франциско: Заработка од препуштање слободен паркинг

Големите градови имаат проблем со паркирањето. Еден програмер сака да заработи од луѓе во неволја и разви мобилна апликација за издавање на слободен паркинг простор – еден вид Ebay за паркирање.

Одржувањето на автомобилите е скапо. Добра можност за враќање на парите нуди мобилната апликација Monkey Parking на програмерот Паоло Доброволни, наменета за издавање слободно место за паркирање. Замислата е генијална. Пред да го напуштите паркингот, со помош на апликацијата огласувате дека се ослободува место за паркирање и чекате понуда од заинтересираните возачи што сакаат да паркираат на Вашето место.

Во апликацијата се внесуваат локацијата на возилото и времето кога ќе го ослободите местото за паркирање. Заинтересираните даваат понуда и доколку таа одговара ја прифаќате, а парите одат на сметка. Новиот корисник на ослободеното место ги внесува само телефонскиот број и моделот на возилото. Целата идеја функционира и обратно. Ако барате слободен простор за паркирање, го пријавувате тоа преку апликацијата, наведувате колку би платиле за паркирањето и чекате понуда.

Проектот мина одлично во Сан Франциско и се очекува и другите градови да ја имплементираат идејата за „препуштање“ на слободен паркинг простор. Ритчестата и густо населена метропола на западниот брег е идеално место за тестирање на апликацијата, затоа што за разлика од другите градови во САД, паркинг просторот е апсолутна реткост во Сан Франциско.

 

Претходна објаваСветот ќе произведува 86 милиони автомобили во 2021 година
Следна објаваRenault Megane RS Trophy 275 TCe: Ова е идниот рекордер?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here