Салон во Лос Анџелес: Премиера на Honda со погон на водород

За десетина денови светот ќе го види дизајнот на новата генерација возила со погон на водород на Honda. Серискиот старт на овој напреден погон е најавен за 2015 година.

Honda го објави цртежот на концептниот автомобил FCEV пред дебито на 20-ти ноември на салонот во Лос Анџелес. Концептот го најавува стилскиот правец на следната генерација на возила со погон на водород на Honda, чија што продажба во Јаопонија и САД ќе стартува во 2015 година, а потоа и во Европа.

„Концептот Honda FCEV ја прикажува визијата на компанијата за иднината на индивидуалната мобилност и нашата обврска да развиеме напредни возила со алтернативен погон“, изјави Мајк Акавити, потпретседател во американската Honda.

Honda е еден од предводниците во развојот и комерцијализацијата на возила со водороден погон. Во 2002 година, Honda започна со изнајмување на возила со погон на водород на своите клиенти со голем возен парк, а пет години подоцна истите возила беа понудени на лизинг и за приватни корисници. Денес возилото FCX Clarity го користат околу дваесетина клиенти, кои собираат важни искуства за натамошниот развој на овие возила.

Претходна објаваКинеската престолнина го чисти воздухот со лотарија
Следна објаваМоже да ти го хакирам воланот?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here