Автомобилската индустрија вложува многу во идните автономни возила. Технологијата веќе е созреана, а како сите радари, ласери и камери во возилата го доживуваат светот околу себе погледнете во ова фасцинантно видео.
Британска фирма специјализирана за ласерско скенирање и тридимензионално прикажување на најразновидни предмети и средини, доби налог од Њујорк Тајмс Магазин да изработи снимки за тоа како автономната технологија го гледа светот околу себе. За таа цел се користеше Honda CR-V со специјална опрема, која беше пуштена да „снима“ по лондонските улици. Резултатот одушевува.
















