Авионските билети веќе со години се добиваат на мобилен телефон, а со паметните телефони се плаќаат и сметки. Американската сојузна држава Ајова прави уште еден чекор напред.
Возачите во американската сојузна држава Ајова во иднина ќе го покажуваат мобилниот телефон место возачката дозвола. Министерството за сообраќај на Ајова наложи развој на аплиација, којашто ќе важи како дигитална возачка дозвола при сообраќајна контрола. Покрај тоа, паметниот телефон ќе може да се користи и како официјален документ при пријавувањето на аеродромите. Бесплатната апликација за мобилен телефон ќе биде достапна за жителите на Ајова веќе во текот на следната година, а за заштита ќе служи пин-број.
Ајова е една од триесетината американски сојузни држави во коишто веќе неколку години се прифаќа дигитална потврда на осигурувањето на автомобилот. Тоа е документот што полицијата вообичаено го бара при контролата, заедно со возачката дозвола. Возачката дозвола има важна улога како документ за идентификација во САД, затоа што и не постои класична лична карта.
















