Возачите што нема да направат сообраќаен прекршок ќе добиваат бесплатен технички преглед на нивното возило. Властите очекуваат дека тоа ќе придонесе за значително подобрување на безбедноста.
Пратеник во долниот дом на рускиот парламент Андреј Свинцов предложи мера што треба да придонесе за подобрување на катастрофалната состојба околу безбедноста во сообраќајот по руските патишта. Според пратеникот од партијата ЛДПР, возачите што нема да направат сообраќаен прекршок, ќе добиваат право на бесплатен технички преглед при регистрирањето на нивното возило.
Лани на руските патишта се регистрирани преку 40 милиони сообраќајни прекршоци. Со можноста за бесплатен технички преглед на возилото, возачите повеќе ќе внимаваат во сообраќајот. Редовниот годишен преглед при регистрацијата на возилото чини околу 750 рубљи, односно 12 евра. Од друга страна, од Русија постојано ни пристигаат видеа што ги покажуваат чудните случувања по патиштата и улиците во големата земја. Следново маратонско видео во траење од еден час е компилација од снимки што камерите поставени во возилата ги имаат направено по руските улици.
https://youtu.be/qmsQ-obL1Z4
















