Русите со поддршка за Volkswagen: Дали тоа е порака до Америка?

Рускиот министер за индустрија и трговија искажа силна поддршка за Volkswagen во време кога германскиот концерн е изложен на веројатно најсилниот удар во историјата.

Рускиот министер за индустрија и трговија Денис Валентинович Мантуров изрази силна морална поддршка за германскиот автомобилски концерн, во време кога таа е најпотребна, среде аферата со издувните гасови: „Volkswagen е мошне активен во Русија и притоа ги применува најдобрите технолошки решенија.“ Volkswagen неодамна отвори комплекс за производство на мотори во Калуга, на оддалеченост од 170 километри југозападно од руската престолнина Москва. Со овој чекор, германскиот концерн планира да ја зголеми продукцијата на автомобили во Русија.

Министерот појасни дека скандалот со манипулираните издувни вредности не го зафаќа рускиот пазар: „Volkswagen во моментов нема проблеми со нормите и стандардите во Русија“. Ова тврдење се базира на податоците од надлежната агенција „Ростандард“ и оцената се однесува на сите сите фирми сестри во концернот со дванаесет марки.

„Предимство на пазарот ќе имаат претпријатијата со фабрики во Русија“

Volkswagen добива силна поддршка во најголемата земја во светот, изјавува Мантуров. „Тоа се многу пари.“ За возврат, производителот на автомобили ги исполнува сите спогодби со Руската Федерација. Притоа, министерот мисли првенствено на регионализацијата. „Предимство на пазарот ќе имаат фирмите со највисок степен на локализација“, изјавува високиот руски политичар.

Поентата на политичкиот говор на Мантуров: Ако Америка не ги сака инвестициите на Volkswagen, Русија ги сака.

Продажбата на Volkswagen во последниот период забележа значително намалување на кризниот пазар на автомобили во Русија. Мантуров сепак нагласува дека во меѓувреме повторно е зголемена продажбата, меѓу другото и поради државните субвенциски програми. Volkswagen произведува во Русија од 2007 година и до минатата година има продадено 260.000 возила. Во фабриката во Калуга се произведуваат лимузинската изведба на Volkswagen Polo и компактниот теренец Tiguan, како и Skoda Rapid. Во Санкт Петерсбург се произведуваат товарни возила и автобуси од марките Scania и MAN, наменети за рускиот пазар.

Аферата „дизелгејт“ е напад за ослабнување на инвестицискиот капацитет на VW

Аферата „дизелгејт“ отпочна откако независно еколошко здружение во САД доби информации од група политичари на ЕУ, дека Volkswagen ги прекршува нормите за издувни гасови. Во меѓувреме, германскиот концерн постојано е изложен на нови напади иницирани од САД, со цел да се ослабнат неговите инвестициски и производствени капацитети и да се оневозможи задржување на неговата доминација на кинескиот пазар на автомобили, како регион кој ќе помогне концернот од Волфсбург да го освои следното скалило и да ја презеде глобалната доминација со автомобилскиот пазар.

Претходна објаваНови проблеми за Hyundai во САД: Sonata може да појде ненадејно
Следна објаваНа тест-патека на Mercedes: Овој автобус влегува со сто на час во свијок

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here