Инженер на Ford разви робот којшто е доволно компактен да го собере во коритото за резервно тркало и способен е да ги заврши тешките транспортни задачи место возачот. Ford Carr-E уште е прототип, но постои добро расположение роботот навистина да се појави на пазарот.
Инженерот на Ford, Килијан Вас, во рамките на интерниот идеен натпревар во компанијата го разви роботот Carr-E, како помош за превоз на тежок товар. Роботот има исти димензии како обичен бандаж, што значи дека може да го собере во коритото за резервно тркало, а тежината му изнесува десет килограми.
По полчасовно полнење на батериите, двата електромотора можат да го движат роботот до растојание од 15 километри, со брзина до 20 km/h. Carr-E може да носи товар до 130 килограми. Освен за превоз на товар, роботот може да се користи и за личен превоз, при што брзината и правецот се одредуваат преку преместување на тежиштето на телото. Доколку се користи за превоз на товар, Carr-E се управува далечински преку мобилна апликација или во автоматски модус. Во последниов случај, роботот едноставно го следи сопственикот, односно неговиот паметен телефон на одредено растојание.
https://youtu.be/mLasbNBmOqQ
Уредот ја скенира средината преку сензори за паркирање, какви што се вградуваат во автомобилите. Пронаоѓачот вградил и заштита од кражба, со тоа што сензорите за тежина го активираат алармот. Уредот уште е во развојна фаза, но во Ford се размислува дали Carr-E би можело да се пушти во сериско производство.
















