За помалку од две години од почетокот на продажбата, јапонската марка достигна 40.000 продадени примероци од Outlander PHEV во Европа. Продажбата стартуваше во октомври 2013 година, прво во Холандија и во Скандинавија, каде што Outlander PHEV (Plugin Hybrid Electric Vehicle) веднаш предизвика огромен интерес како прв теренски автомобил со хибриден погон со можност за надворешно полнење на батериите. Соодветно на тоа, речиси половината од продажбата е постигната во Холандија, со 17.733 примероци, а потоа следат Велика Британија (11.975), Шведска (3.195), Норвешка (2.502), Германија (2.132) и Франција со 1.127 примероци. Неодамна увозникот на Mitsubishi за Македонија одржa историска промоција на i-MiEV како прв електричен автомобил на нашиот пазар што влегува во редовна продажба.
















