По пауза од дваесет години по последниот кабриолет со четири седишта, Mercedes во 1991 година ја претстави отворената каросериска изведба на E-Class. До 1997 година се продадоа над 30.000 примероци од кабриолетот.
На салонот во Франкфурт во септември 1991 година, Mercedes им донесе сонце на купувачите на автомобил од вишата средна класа, со премиерата на класичниот кабриолет со четири седишта и платнен покрив. Кабриолетот припаѓаше во тогашната серија W 124, којашто од 1993 година ја понесе ознаката E-Class. За првпат по пауза од 20 години, Mercedes понуди кабриолет со четири седишта. До 1997 година се произведоа 33.952 примероци од моделот.
Кабриолетот со интерна ознака A 124 го користеше како основа купето C 124, при што повеќе од 1.000 делови претрпеа промени, првенствено вклучувајќи ги носечките структури, коишто беа изработени од подебела или поцврста ламарина. Сите подрачја изложени на повисоки оптоварувања добија дополнителни закајнувања, заедно со елементи за спречување на резонанциите во страниците на багажникот, во рамката на ветробранот и во лежиштето за левиот заден амортизер, кадешто вообичаено се појавуваат резонанции кај кабриолетите поради отстуството на покривот. За безбедноста на патниците во случај на превртување се грижеа зајакнати предни столбови и автоматски рол-бар.
Целата конструкција на покривот тежеше 43 килограми и се состоеше од 27-делен механизам со 34 зглобови. Во склопена состојба, покривот одземаше простор од 80 литри, оставајќи на тој начин доволно простор во багажникот.
Една година по премиерата на кабриолетот следуваше моделско освежување
Продажбата стартуваше со 300 CE-24 во пролетта 1992, со трилитарски шестцилиндарец со 220 КС. до 1993 година се произведоа 6.300 примероци од оваа моделска изведба. Во јуни 1993 следеше моделско освежување на целата серија W 124. Сите моделски изведби, вклучувајќи го и кабриолетот, оттогаш го носат името E-Class.
Понудата од модели се состоеше од Е 200 Cabriolet со 136 КС, наменет првенствено за извоз, од 20 Cabriolet со 150 КС и од E 320 Cabriolet со 220 КС, додека врвот беше наменет за E 36 AMG Cabriolet со 272 КС. За електрохидрауличното ракување со покривот повеќе не мораше да се доплаќа, затоа што следуваше како стандард во сите моделски изведби, а самиот покрив доби нова внатрешна облога за подобра топлинска и звучна изолација.
За моделите со четирицилиндарски мотор се решија 15.380 купувачи, додека шестцилиндарските модели постигнаа продажба од 18.572 примероци. Најголем интерес на извозните пазари постоеше за E 320 Cabriolet, чијашто извозна стапка достигна 75 проценти.
[FAG id=25237]


















