Шефот за развој во спортското одделение на BMW в година заминува за Кореја. Алберт Бирман ќе работи на новата генерација на спортски модели на Hyundai и Kia.
Hyundai и Kia добија значајно засилување на тимот што работи на развој на нови модели и технологии. Од следната година, Алберт Бирман, којшто од 2008 година беше одговорен за развој на моделите M на BMW ќе работи за корејските марки. Освен на развој на нови спортски модели со врвни перформанси, 57-годишниот Германец ќе работи и на подобрување на возните својства, управливоста, безбедноста и звучната изолација на Hyundai и посестринската фирма Kia.

Од следната година, BMW ќе има комплетно „нова“ постава. Долгогодишниот прв човек на BMW, Норберт Рајтхофер заминува во пензија, а во мај неговото место ќе го преземе досегашниот шеф на производство Харалд Кригер. Рајтхофер во иднина ќе биде претседател на надзорниот одбор на минхенската марка. Заминува и шефот за развој во BMW, Херберт Дис. Од октомври, тој ќе биде дел од концернот од Волсбург, каде што ќе ја раководи матичната автомобилска марка Volkswagen.
















