За денешните автомобили да се сметаат за безбедни, не е доволно да имаат само цврст челик. Според новите норми на Euro NCAP, за повеќе ѕвездички е потребно да се поседува и систем за запирање пред пешак.
Организацијата за тестирање на безбедноста на автомобилите при краш-тест Euro NCAP ги заостри критериумите. Отсега покрај стабилноста на каросериската структура и работата на пасивните системи за безбедност, ќе се оценува и работата на системот што автоматски го запира возилото при опасност од удар во пешак. Прв автомобил тестиран според новите норми е Toyota Prius. Пригодно за оваа чест, јапонскиот хибрид го помина тестот со максимални пет ѕвездички.

Последната генерација на автоматски системи за запирање при опасност, самостојно го запира возилото кога пред него минува пешак. Целта на организацијата Euro NCAP со воведувањето на овој дополнителен услов во критериумите за оценување на безбедноста е да се поттикне вградувањето на овој систем во автомобилите. Без поседување на овој систем, автомобилите во иднина нема да ја добијат максималната оцена од пет ѕвездички. На производителите секако дека им е важно нивните нови модели да го освојат максималниот број ѕвездички на краш-тестот.
„Двојни“ стандарди на оценување за возилата од пониските класи
За автомобилите од пониските класи да не се најдат во подредена улога со воведувањето на новите правила, Euro NCAP ќе објавува двојни резултати за овие автомобили. Стандардната Организацијата за безбедност стандардно ќе ја тестира основната изведба на одреден модел од пониските класи возила, а по желба на производителот, дополнително ќе тестира и варијанта на моделот со вграден систем за заштита на пешаците или со други системи за асистенција. На овој начин, организацијата ќе укажува на разликата што произлегува меѓу возилата што не го поседуваат овој систем и возилата со вграден систем за заштита на пешаците.
Прв автомобил тестиран според новите „двојни“ стандардни е новиот Suzuki Baleno. Во стандардната постапка на краш-тестот, Baleno освои само три ѕвездички, првенствено поради отсуството на систем за запирање при опасност од удар во пешак. Со доплата, Suzuki го нуди овој систем во новиот модел и Baleno во тој случај заслужува четири ѕвездички според Euro NCAP.
















