Правосмукалка во опремата на Honda Odyssey

Семејниот транспортер на Honda за американскиот пазар се добива со вградена правосмукалка. По ова е неизбежно прашањето, зошто досега никој не се сетил на тоа?

Освежувањето за новото моделско годиште донесе правосмукалка во опремата на семејниот транспортер Honda Odyssey. Влакна од миленичиња, кекси, песок, земја – без разлика за каква нечистотија се работи, Odyssey навреме ќе ја отстрани. Правосмукалката е вградена странично во багажникот, а цревото е доволно долго да дофати до секој агол во кабината. По гаснењето на моторот, правосмукалката може да се користи до осум минути.

Претходна објаваКамионите на Volvo ќе возат на природен гас
Следна објаваPorsche Macan ќе чини 50 000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here