Поранешни директори на Saab приведени за прикривање данок

Тројца поранешни директори на Saab, вклучувајќи ги генералниот и финансискиот директор, се приведени поради сомневање за даночен криминал.

Директорите беа распрашувани околу сомневањата за обидите да се прикрие увидот во финансиското работење на шведскиот производител на автомобили во периодот на 2010 и 2011 година. Судската постапка се фокусира на инцидентите во времето пред Saab да објави банкрот во декември 2011 година, речиси две години откако холандскиот производител на спортски автомобили Spyker го презеде Saab од корпорацијата General Motors. Saab беше принуден да го прекине производството поради несолвентност

Претходна објаваЦрвениот бик го спобрка Renault Megane R.S.
Следна објаваТест: Mercedes CLA 220 CDI 7G-DCT

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here