Париз 2016: Хибридна Porsche Panamera со 50 километри на струја

Хибридниот погон преоѓа во опсесија на германските марки, и нормално, тие ја владејат технологијата подобро. Porsche на салонот во Париз ја претставува Panamera 4 E-Hybrid, како втора генерација на моделот со две срца, со 462 КС и способност целата дневна тура да се извози само со енергијата во батериите.

Шефот на Porsche, Оливер Блуме, на „мондијал де л’аутомобил“ во Париз ја претстави новата Panamera 4 E-Hybrid. Со комбинација на 2,9-литарски битурбо V6 и електромотор, втората генерација на хибридната Panamera располага со системска моќност од 462 КС и вретежен момент од 700 њутнметри. „Новата Panamera е револуција во дизајнот и техниката. Таа е луксузна лимузина. Но, таа го поседува идентитетот на 911 и гените од суперспортскиот 918 Spyder и тркачкиот 919 Hybrid,“ така Блуме го објаснува карактерот на новата Panamera 4 E-Hybrid.

44 денари за батериите да се наполнат со енергија за 50 километри

Во споредба со претходникот, досегот на електричниот погон е зголемен на точно 50 километри благодарение на усовршените литиум-јонски ќелии со повисок капацитет. Потрошувачката според нормите за хибридни возила изнесува 2,5 литри на сто километри, односно 15,9 kWh/100 километри.

Отсега со погон на сите тркала, хибридната Panamera постигнува крајна брзина од 278 километри на час и забрзува до сто за 4,6 секунди. Перформансите не се случајни. Porsche користи нова хибридна стратегија во овој сегмент, којашто е користена првичн кај 918 Spyder. Исто како кај суперспорскиот автомобил, електромоторот со моќност од 136 КС и вртежен момент од 400 њутнметри е активен уште при првото притискање на педалот за гас.

Тоа значи дека електромоторот постојано испорачува дополнителна сила во погонската спрега. Во комбинација со специјалното мапирање на 2,9-литарскиот битурбо V6 со 330 КС и 450 њутнметри, на тој начин произлегува импресивно сценарио на зголемување на моќноста во режија на електромоторот и двата турбокомпресора.

Претходна објаваПариз 2016: Volkswagen I.D. е „голфот“ од 2020 година?
Следна објаваAudi Q7 e-Tron најпродаван електричен автомобил во Финска

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here