Париз 2016: Nissan го одржа ветувањето за изгледот на новата Micra

Новата генерација на Micra нема задни врати што се отвораат наназад и не отсуствува средишниот столб меѓу вратите, како што Nissan најави со студијата Sway, но затоа изгледот останува верен на најавата.

Петтата генерација на Nissan Micra пристига како светска премиера на салонот во Париз. Јапонската марка веќе го најави изгледот на новиот модел преку студијата Sway од пред една и пол година, но можеше да се претпостави дека задните врати што се отвораат наназад и отсуството на средишниот столб сепак нема да се најдат кај сериската верзија на Micra.

Новиот модел би можел да го поврати некогашниот сјај на ова моделско име на Nissan, особено со динамичниот дизајн. Покрај изгледот, адут на новата Micra ќе биде богатата безбедносна опрема, вклучувајќи самостојно запирање при опасност од судир, со препознавање пешак на патот, како и активен систем за следење лента.

Од гледиште на младата целната група за моделот, особено внимание при развојот било посветено на можностите за поврзување со преносни уреди. При стартот на продажбата во март следната година, на располагање ќе стои 0,9-литарски трицилиндарец со турбонатполнење и 1,5-литарски дизел, обата со моќност од по 90 КС. Набрзо потоа во понудата ќе се најде и атмосферски 1,0-литарец со 73 КС. Производството на новата Micra ќе се одвива во фабриката на партнерот Renault во францускиот Флин.

[FAG id=25639]

Претходна објаваПариз 2016: Гласниот Mercedes-AMG GT Roadster ја вознемири француската престолнина
Следна објаваПариз 2016: Ferrari LaFerrari Aperta обезбедува свеж воздух при темпо 350

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here