Олимпија Моторс го врати сјајот на автомобилските премиери во Македонија

Во четвртокот Музејот на македонската борба беше средиште на настан каков што браншата ретко доживува во последниве години: Премиера на новите модели на Opel во полниот автомобилски сјај.

Веќе со години појавувањето на новите автомобили на нашиот пазар не се прославува со вообичаениот сјај. Браншата трпи од лошото раководење со увозот на користени возила, дополнително и економската ситуација ја ограничува продажбата на нови автомобили. Но, оптимизмот не е изгубен, секогаш има надеж за најдобрите. Дилерот Олимпија Моторс во минатиот четврток го прослави пристигнувањето на фејслифтот на Opel Insignia и на новиот кабриолет Cascada  во свечена манифестација во Музејот на македонската борба во Скопје.

IMG_0305

Госпоѓа Светлана Пљакоска, управителка на Олимпија Моторс, го објаснува сценариото за настанот: „Оваа година Олимпија Моторс направи манифестација во вид на одбројување, почнувајќи од бројот 5. Сакавме да споделиме 5 искуства на клиенти кои поседуваат возила Opel, потоа 4 случки раскажани од вработените, тројката припадна на трите плакети кои Олимпија Моторс ги додели на тројца клиенти, двојката на најновите модели на Opel, а на крајот манифестацијата се заокружи со коктел за присутните гости.“

IMG_0470

Свечениот амбиент во Музејот и изложените модели на Opel го задржаа вниманието и го подгреаја расположението на гостите во дружењето што продолжи во текот на целата вечер. Првите луѓе во фирмата очекуваат дека новата Opel Insignia повторно ќе биде еден од најпродаваните модели на македонскиот пазар, за што ќе придонесат квалитетите на возилото од една страна и правилната политика на General Motors и на Олимпија Моторс за следење на вистинските потреби на возачите.

Претходна објаваToyota по шести пат најквалитетна марка според Auto Bild
Следна објаваНова класа С на Mercedes: Со витамин Ц против Audi и BMW

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here