Овој BMW i3 е подвижен банкомат што пристига на повик на клиент

Електричен BMW претворен во подвижен банкомат се упатува директно до корисниците кога истите ќе побараат банкарска услуга преку мобилна апликација. Идејата е интересна, но може да има и други „заинтересирани“.

Полска банка го упатува својот електричен BMW i3 директно до клиентите, кога тие преку апликација за мобилен телефон ќе побараат исплата на готовина. Авто-банкоматот засега функционира само на територијата на полската престолнина Варшава. Каросеријата е дополнително заштитена од упад однадвор и единствено го спушта задниот прозорец кога возилото ќе пристигне на локацијата на клиентот, ослободувајќи пристап до функциите на банкоматот.

Многу прашања остануваат неразјаснети, меѓу другото, дали банкоматот важи и за корисниците од други банки, колку чини провизијата за услугата на доаѓање на возилото и дали се планира проширување и во останатите полски градови. Во секој случај, интересна идеја, па дури и ако се работи само за маркетиншка акција. Но, компактно и лесно возило со пристојна сума пари во себе може да биде интересно и за други „корисници“ на банкарски услуги.

https://youtu.be/vZMeCenP6Y0

Претходна објаваAmazon воведува стриминг во висока резолуција во авион
Следна објаваAudi претстави нов дволитарски бензинец: Помалку од 5,0 l/100 km

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here