Овие суперспортски автомобили имаат помалку КС од Mercedes-AMG E 63 S

Mercedes деновиве стартува со нарачки за најсилната E-Class на сите времиња. Кога првите примероци од Mercedes-AMG E 63 S 4Matic ќе бидат испорачани напролет, неколку суперспортски модели нема да смеат да претеруваат со суперлативите. Лимузината со тркачка дарба ќе има повеќе коњски сили од нив. Тоа не гарантира дека ќе биде и побрза, но едноставно заради престиж: 612 КС не се вредност за потценување.

Најсилната E-Class на сите времиња пристига на улиците напролет. Штутгарт веќе почна да прима нарачки за Mercedes-AMG E 63 S 4Matic+, којшто во германскиот ценовник на спортската посестринска марка на Mercedes се појавува со цена од 121.618 евра. Во вообичаениот манир, веднаш на стартот се нуди специјална воведна серија Edition 1, за којашто треба да се доплатат околу 15.000 евра – колку за добар градски автомобил. Без буквата „S“ и без четириесетина коњски сили, E 63 чини 109.837 евра.

Mercedes-AMG E 63 S 4MATIC+ „Edition 1“

Со моќноста од 612 КС во топ-изведбата, E 63 им ги расипува сметките на голем број суперспортски автомобили коишто „живеат“ од коњските сили. За претстава, тоа е повеќе од Lamborghini LP610-4, Ford GT или Honda NSX. Четирилитарскиот мотор со битурбонатполнење е најсилниот V8 што досега проработел под хаубата на лимузината со сребрената ѕвезда. Со комплетно преработен погон на сите тркала, којшто сега се води како AMG Performance 4Matic+, оваа лимузина што првично е замислена за комфорен превоз на патници, способна е да спринтува до темпо сто за 3,4 секунди.

Дури и сопствениот GT R располага со „само“ 585 коњски сили

Јасно е за што станува збор. За да биде уште појасно, во овој список се најдоа десет автомобили со епитет суперспортски – со неколку „гран-туризмо“ исклучоци, но во секој случај бројот на коњски сили е релевантен. Вредноста што ја поставува E 63 не е и максималната што Mercedes ја има во понуда. G 63 AMG Edition 463 и SL 65 AMG, Maybach S 650 Cabriolet, S 65 Coupe, S 65, сите тие располагаат со по 630 коњски сили.

Mercedes-AMG E 63 S 4Matic+

Мотор V8 битурбо, работна зафатнина 3982 ccm, моќност 612 КС при 5750-6500 min-1, вртежен момент 850 Nm при 2500-4500 min-1, постојан погон на сите тркала, 9-степен менувач со двојна спојка, тежина на празно возило 1955 kg, забрзување 0-100 km/h за 3,4 s, крајна брзина 250 km/h (300 со AMG Driver Package), просечна потрошувачка 9,1 L/100 km, цена во Германија 121.618 евра

против…

 

Lamborghini Huracan LP610-4

Lamborghini Huracan LP 610-4

Мотор V10, работна зафатнина 5204 ccm, моќност 610 КС/8250 min-1, вртежен момент 560 Nm при 6500, постојан погон на сите тркала, 7-степен менувач со двојна спојка, тежина на празно возило 1422 kg, забрзување 0-100 km/h за 3,2 s, крајна брзина 325 km/h, просечна потрошувачка 12 L/100 km, цена во Германија 201705 евра

Ferrari GTC4Lusso T

Ferrari GTC4Lusso T

Мотор V8 битурбо, работна зафатнина 3855 ccm, моќност 610 КС при 7500 min-1, вртежен момент 760 Nm при 3000, погон назад, 7-степен менувач со двојна спојка, тежина на празно возило 1870 kg, забрзување 0-100 km/h за 3,5 s, крајна брзина 320 km/h, просечна потрошувачка 11,6 L/100 km, цена – евра

Audi R8 Coupe 5.2 FSI V10 plus quattro S

Audi R8 V10

Мотор V10, работна зафатнина 5204 ccm, моќност 610 КС при 8250 min-1, вртежен момент 560 Nm при 6500 min-1, постојан погон на сите тркала, 7-степен менувач со двојна спојка, тежина на празно возило 1655 kg, забрзување 0-100 km/h за 3,2 s, крајна брзина 330 km/h, просечна потрошувачка 12,3 L/100 km, цена во Германија 190.000 евра

Aston Martin DB11

Мотор V12 битурбо, работна зафатнина 5200 ccm, моќност 608 КС при 6500 min-1, вртежен момент 700 Nm при 1500 min-1, погон назад, 8-степен автоматски менувач, тежина на празно возило 1770 kg, забрзување 0-100 km/h за 3,9 s, крајна брзина 321 km/h, просечна потрошувачка 11,4 L/100 km, цена во Германија 204.900 евра

Nissan GT-R Nismo

Nissan_GT_R_NISMO

Мотор V6 битурбо, работна зафатнина 3799 ccm, моќност 600 КС при 6800 min-1, вртежен момент 652 Nm при 3600 min-1, постојан погон на сите тркала, 6-степен менувач со двојна спојка, тежина на празно возило 1735 kg, забрзување 0-100 km/h за 2,7 s, крајна брзина 315 km/h, просечна потрошувачка 11,8 L/100 km, цена во Германија 149990 евра

Ford GT

Ford GT

Мотор V6 битурбо, работна зафатнина 3500 ccm, моќност 600 КС при ?, вртежен момент Nm ?, погон назад, 7-степен менувач со двојна спојка, тежина на празно возило ? kg, забрзување 0-100 km/h за 2,9 s, крајна брзина 300 km/h, просечна потрошувачка 9,7 L/100 km, цена во Германија 500000 евра

Bentley Continental GT

Bentley Continental GT

Мотор W12 битурбо, работна зафатнина 5998 ccm, моќност 590 КС при 6000 min-1, вртежен момент 720 Nm при 1800 min-1, постојан погон на сите тркала, avtomatik so 6, тежина на празно возило 2320 kg, забрзување 0-100 km/h за 4,5 s, крајна брзина 319 km/h, просечна потрошувачка 14,2 L/100 km, цена во Германија 193494 евра

Mercedes-AMG GT R Coupe

Мотор V8 битурбо, работна зафатнина 3982 ccm, моќност 585 КС при 6250 min-1, вртежен момент 700 Nm при 1900 min-1, погон назад, 7-степен менувач со двојна спојка, тежина на празно возило 1630 kg, забрзување 0-100 km/h за 3,6 s, крајна брзина 318 km/h, просечна потрошувачка 11,4 L/100 km, цена во Германија 165410 евра

Porsche 911 Turbo S

Porsche 911 Turbo S

Мотор B6 битурбо, работна зафатнина 3800 ccm, моќност 580 КС при 6750 min-1, вртежен момент 700 Nm при 2100 min-1, постојан погон на сите тркала, 7-степен менувач со двојна спојка, тежина на празно возило 1675 kg, забрзување 0-100 km/h за 2,9 s, крајна брзина 330 km/h, просечна потрошувачка 9,1 L/100 km, цена во Германија 202872 евра

Honda NSX

HONDA NSX

Мотор V6 битурбо + 3 електромотори, работна зафатнина 3493 ccm, моќност 573 КС при 7500 min-1, вртежен момент 550 Nm при 2000 min-1, постојан погон на сите тркала, 9-степен менувач со двојна спојка, тежина на празно возило 1725 kg, забрзување 0-100 km/h за 3,5 s, крајна брзина 307 km/h, просечна потрошувачка 10,0 L/100 km, цена во Германија 185000 евра

Претходна објаваОсло ги забранува дизелите во центарот на градот
Следна објаваRenault ги престигна Peugeot и Citroen во светската продажба

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here