Нов надворешен и внатрешен дизајн, најнизок отпор на воздух во класата и едноставно ракување. Тоа се главните одлики на новата генерација на големиот транспортер на Volkswagen, чиишто цртежи денес се објавуваат премиерно.
Марката сестра за доставни возила на Volkswagen денес ги објави првите скици од новата генерација на Crafter, чијашто премиера следи наесен. Големиот транспортер на Volkswagen доби изглед што се вклопува во тековниот дизајнерски говор на „автомобилската“ марка. Поголемиот брат на VW Transporter пристига со голема доза иновативност, функционалност и квалитет.
Возилото е развиено комплетно од ново. Volkswagen тесно соработуваше со корисниците на неговите возила, честопати дури и придружувајќи ги во извршувањето на дневните рутини, со цел подобро да ги осознаат потребите на корисниците и да дознаат какви желби имаат тие за новата генерација на Crafter.
Резултатите од овие вредни истражувања „на поле“ се огледуваат во функционалноста и во дизајнот на големиот транспортер. Алберт-охан Кирцингер, главен дизајнер за доставните возила на VW, коментира: „Во подрачјето на доставните возила, дизајнот мора да функционира добро кај најразлични групи корисници.“
Со вредност 0,33, коефициентот на отпор на воздух на Crafter е најнизок во класата. Во внатрешноста се комбинираат практичност за секојдневието и оптимален простор за товар. Новиот дизајнерски јазик што го прикажува Crafter ќе продолжи да се развива и во сите следни модели и варијанти во понудата на VWN, како што кусо се води марката доставни возила.
Кирцингер додава: „Серијата Т на Volkswagen, ‘були’, доби голем брат со воведувањето на новиот Crafter. Со квалитетот на површините, робусноста и квалитет во исто време, новиот Crafter постигнува ниво што никогаш досега не било достапно во оваа класа доставни возила.“


















