Неколку месеци пред премиерата во Париз, Hyundai ги објави цртежите коишто го најавуваат изгледот на новиот i20. Битката во класата се разгорува: Паралелно стартуваат и Mazda2, Opel Corsa и Skoda Fabia.
Со објавувањето на фабричките цртежи официјално се потврдува премиерата на новата генерација на Hyundai i20 на салонот во Париз во октомври. Цртежите откриваат спој на смел дизајн со елегантни линии, со впечатливо издолжена хауба и многу поголема препознатливост на каросериската форма во споредба со актуелната генерација во којашто многумина препознаваа сличности со формата на Opel Corsa. Новиот модел од сегментот Б ја следи дизајнерската философија „Флуидна скуптура 2.0“, којашто премиерно беше воведена со спортската лимузина Genesis. Со темните задни столбови оптички се нагласува должината на возилото.

Однапред се забележува нова интерпретација на препознатливата хексагонална маска на Hyundai, во комбинација со хоризонтални ленти коишто оптички се спојува со предните светла. Белег на задниот дел му даваат заобленото стакло и интересната форма на задните светла. Дизајнот на новиот Hyundai i20 е развиен во европскиот центар за дизајн на марката во Риселсхајм, Германија.
















