Новиот Ford Ka ќе биде светски автомобил

Новиот Ka ја следи стратегијата на Ford, еден модел да биде доволен за цел свет. Тој ќе се развива како евтин автомобил и ќе биде наменет првенствено за растечките пазари во Јужна Америка и Кина.

Вториот по големина производител на автомобили во САД ќе го зајакне своето присуство во земјите со прогресивно растечка економија со новата генерација на малечкиот Ka. Шефот Ален Мулали денес во бразилската фабрика во Камакари го претстави глобалниот концепт на компанијата за новото возило што ќе биде позиционирано во најнискиот сегмент на цени.

ford ka 2

Класичната комбилимузина ќе нуди простор за пет патници и во следната година ќе почне да се произведува прво во Бразил, а потоа и во Кина, каде што постојано се зголемува средниот слој на населението и со тоа им се овозможува да поседуваат автомобил.

Според изјавите на шефот Мулали, новиот Ford Ka ќе им конкурира на помалите модели на Volkswagen, Fiat и Chevrolet, што се продаваат во Јужна Америка и во Азија, но и на јапонските и корејските модели во овој сегмент на цени.

Со новото позиционирање на Ka, Ford влегува во сегментот во којшто досега беше застапен слабо. Ford уште не ги објавува цените на новиот модел, но сигурно е дека тој ќе биде поевтин од актуелниот модел, кој во Бразил чини меѓу 10.000 и 12.000 долари, додека Ford Fiesta се движи меѓу 17.000 и 26.000 долари.

Претходна објаваНовиот Prius ќе личи на студијата NS4
Следна објаваПо автомобилите пожар и во фабриката на Tesla

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here