Нови проблеми за Hyundai во САД: Sonata може да појде ненадејно

Hyundai повторно повикува стотици илјади автомобили во сервисите поради пропусти во системот за сопирање. Во сервисите се повикани над 300.000 примероци од лимузината Sonata.

Во цели серии од моделот Sonata произведени во 2011 и 2012 година отсуствува основната заштита кај автоматските менувачи. Постои опасност возилото да појде само, затоа што рачката на автоматскиот менувач може да се помести од положбата за паркирање P, без притоа да се притиска педалот за сопирање. Покрај тоа, стоп-светлата остануваат вклучени постојано, односно не се гаснат со отпуштањето на педалот за сопирање.

Во 2013 година, сестринската компанија Kia повика во сервис 1,7 милион возила поради проблеми со прекинувачот за стоп-светлата, откако две години претходно заради истиот проблем беше распишан сервисен повик за моделот Sonata. Претходно, пак, во 2009 година, Hyundai имаше сервисен повик за 533.000 возила, поради истата причина.

Претходна објава„Зошто да купувам зимски гуми кога не возам по снег?“
Следна објаваРусите со поддршка за Volkswagen: Дали тоа е порака до Америка?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here