Новата марка на Volkswagen се вика Moia и нема врска со производство на автомобили

volkswagen tuzbi avstrija

Тринаесеттата марка во концернот Volkswagen ќе го носи името Moia. За првпат во историјата на гигантот од Волфсбург, не станува збор за автомобили, туку за решенија за мобилност. Новата марка ќе биде претставена во понеделник, на 5-ти декември.

Концернот Volkswagen ќе додаде нова марка во своето портфолио, којашто за првпат не се однесува на производство на автомобили. Новата, тринаесетта марка на Volkswagen, веројатно ќе настапи на пазарот под името Moia и ќе нуди услуги за мобилност. Од Волфсбург уште отсуствува официјална најава за новата марка, но затоа е потврдено дека Volkswagen во септември го регистрирал името Moia. Оттогаш се знае дека Volkswagen ќе додаде 13-та марка, којашто ќе се посвети на нови деловни подрачја, меѓу другото и заедничко користење автомобили, односно „carsharing“. Новата марка ќе биде претставена во понеделник, на 5-ти декември, во рамките на една интернет-конференција во Лондон.

Новата марка на Volkswagen е технолошки напредна „такси-компанија“

Новите трендови, како заедничкото користење автомобили и интелигентното поврзување на различни превозни средства, придонесе постојано да се зголемува бројот на производители на автомобили што се поставуваат во улогата на понудувачи на услуги за мобилност. Концернот Volkswagen во мај инвестираше тристотини милиони долари во компанијата Gett, конкурент на американскиот Uber. Услугите за мобилност во иднина ќе станат важен носечки столб на претпријатието, меѓу другото преку понудата на „carsharing“, посредување при наоѓање превоз, како и автономни возила што стојат на располагање при повик.

Седиштето на Moia нема да се наоѓа во Волфсбург, туку во Берлин. Германската престолнина е избрана поради концентрацијата на старт-ап компании. Новата марка во почетокот ќе биде достапна само во Германија, но извесно е дека нејзините услуги наскоро ќе се понудат и во останатите земји. Планот е Moia да прерасне во пазарен лидер во подрачјето на услуги за мобилност во Европа.

Претходна објаваМобилна апликација може да им го спаси животот на пешаците
Следна објаваТеренецот на Rolls-Royce поаѓа да го тестира светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here