Новата Toyota Avensis стартува во лето со повеќе опрема за исти пари

Дизајн во X-стил, по пример на малечкиот Aygo

Јапонците ја освежија својата најголема лимузина во Европа. Новиот Avensis стартува со продажба во лето, европските трговци најавуваат непроменети цени, а повеќе опрема.

Според првите пазари на коишто ќе стартува продажбата, новиот Avensis ќе ја задржи цената од претходникот, иако нуди побогата опрема, плус повеќе комфор и безбедност. Знаменосецот на Toyota, премиерно прикажан на салонот во Женева пред само неколку денови, пристига со подинамичен изглед, поквалитетни материјали и нови технологии. Достапни се четири мотори и исто толку нивоа на опрема.

Освен во лимузинската верзија, Avensis и натаму се нуди како комби Touring Sports. Комбито нуди багажен простор меѓу 453 и 1.690 литри и чини приближно 1.000 евра повеќе од лимузината. Веќе основната верзија нуди богата сериска опрема, со електрика и греење на ретровизорите, диодни дневни светла, електрика на прозорците, клима уред, радио со команди на волан, исто како и седум воздишни перници и помош при поаѓање на нагорнина. Avensis е прв модел на Toyota со системот Toyota Safety Sense, којшто го „подготвува“ возилото при опасност од судир и дополнително вклучува самостојно сопирање. За „основниот“ модел се достапни 1,6-литарскиот бензинец со 132 КС и новиот дизел од 1,6 литар со 112 КС и потрошувачка од 4,1 литри, што е минимум во сегментот.

toyota avensis1

Во повисокото ниво Comfort следуваат магленки, автоматика за климата, за светлата и бришачите, исто како и алу-бандажи од 16 инчи, мултимедиски систем со камера за рикверц и поврзување со паметни телефони. Поголем комфор следува со новите седишта со алкантара и автоматиката за долго светло. Под хаубата работат 1,6-литарскиот дизел, дволитарски дизел со 143 КС или 1,8-литарски бензинец со 147 КС.

„Business Edition“ додава дизајнерски пакет со диодни светла со сите функции, алу-бандажи од 17 инчи и затегмети задни стакла, како и греење а предните седишта, дигитално радио, пристап без клуч, систем за следење лента и препознавање сообраќајни знаци, а следува и навигација.

Врвното ниво „Executive“ го облагородува Avensis со адаптивни диодни светла, кожени седишта, алу-бандажи од 18 инчи и премиум озвучување со десет звучници. Комби изведбата дополнително располага со панорамски покрив и шини за полесно товарање на багажникот.

Претходна објаваЏереми Кларксон суспендиран: Фановите шокирани
Следна објаваSamsung Galaxy Xcover 3: Паметен телефон за авантуристички излети

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here